Кумановец и скопјанец преноќеа во полициска станица: Полицијата ги привела при рутинска контрола

 

Ноќеска во 00.10 часот на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.Ѓ.(46) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал В.Ѓ. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,60 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

Вчера во 22.15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.Т.(44) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,58 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

 

01.05.2025 - 10:17

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега