Филипче: Власите се нераскинлив дел од мозаикот на нашето општество

 

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска по повод Националниот ден на Власите, упати честитка до сите припадници на влашката заедница, упатувајќи порака на благодарност и признание за нивниот историски и општествен придонес во државата.

„На сите припадници на влашката заедница им го честитам денешниот Национален ден на Власите. На овој ден оддаваме почит и признание на влашкиот народ, на нивната истрајност, култура и традиција.

Низ историјата, Власите имаат значаен придонес во клучните историски моменти за државата, во борбата за слобода, независност и државност. Со својот јазик, обичаи и традиции, влашкиот народ е нераскинлив дел од мозаикот на нашата држава.

Упатувам искрена благодарност до сите припадници на влашката заедница за нивната активна улога во изградбата на нашето заедничко и праведно општество, водено од вредностите на меѓусебно почитување, доверба и единство.Нека е честит 23 Мај, Националниот ден на Власите.“, истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче.

 
23.05.2025 - 10:36

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега