ФОТО: Пријателите се простуваат од легендата на македонскиот фудбал - Почина на 54. години

 

Македонскиот фудбалски свет во црно по веста дека почина Николче Здравески, легендата на прилепскиот фудбал.

Една од најголемите легенди на Победа од Прилеп кој речиси цела кариера ја мина во прилепскиот тим, како фудбалер, и како тренер, а краток период беше тренер и на тимот на 11 Октомври, почина на 54. години.

Во 2007 година го доби признанието од ФФМ за најдобар тренер. Како фудбалер беше член и на ФК Вардар. Беше и репрезентативец на Македонија. Настапи два пати за националниот тим во пријателски натпревари против Албанија во Прилеп, и против Азербејџан.

Неговите пријатели и соработници со голема тага се простуваат од него на социјалната мрежа Фејсбук.

 

 

 

 

Здравески со победа освои две титули, првата како играч, а потоа до втората дојде како тренер. Ја предводеше екипата на Победа на легендарните натпревари против Парма во 2000 година, еден од најдобрите тимови кои дошле во Македонија со многу фудбалски ѕвезди.

Со Победа го освои Купот на Македонија во 2002 година, а во 2004 година беше прогласен најдобар играч и за најдобар спортист на Прилеп. Таа сезона Победа стигна до историската прва шампионска титула во Прва фудбалска лига.

 

30.04.2025 - 10:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега