ФОТО: Вереникот ѝ велел дека е дебела и ја оставил - започнала да вежба и денес изгледа одлично

 

33-годишната Миријам Бланко од Хјустон вели дека отсекогаш имала проблем со ниската самодоверба поради вишокот килограми. Со 98 килограми имала проблеми и со здравјето, но и со самодовербата, а сето тоа достигнало свој врв кога момчето ја оставило.

-Ми велеше дека не сака да заврши со некој дебел и дека имам среќа што ме прифати. На крајот сепак ме остави, затоа што му бев предебела - вели таа.

Миријам така останала дома сама со две деца. Во меѓувреме го запознала новото момче, 33-годишниот Џордан со кој и се омажила, но и понатаму ѝ пречеле вишокот килограми иако Џордан немал замерки на нејзината фигура.

Бидејќи не сакала да се изложува на операции, одлучила прво да се обиде сама.

-Почнав да вежбам и ја средив исхраната. Наското се заљубив во тој нов начин на живот, килограмите сами се топеа. Денес имам 68 килограми и немам болки во кичмата. Иако смените некогаш ми траат и по 12 часа, вежбам секој ден и уживам во тоа - вели таа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.09.2020 - 16:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега