Гаши се сретна со Сутијакова: Подготвени сме за уставни измени, но со предвидливост на следните фази согласно Копенхашките критериуми

 

Средба на претседателот Гаши со Директорката на Западен Балкан во Европската служба за надворешни работи, Зузана Михалцова Сутијакова Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес оствари средба со Директорката на Европската служба за надворешни работи на ЕУ, Зузана Михалцова Сутијакова.

На средбата беа разменети мислења за актуелни прашања и за степенот на спроведени реформи поврзани со пристапувањето на нашата земја во Европската Унија.

Претседателот Гаши го поздрави одржувањето на интензитетот на средби со европски претставници, доказ за нивниот интерес и поддршка на нашиот пат кон полноправно членство во Унијата.

Во однос на исполнување на последниот услов за продолжување на процесот на преговори, Претседателот Гаши изрази подготвеност за негова реализација, со обезбедување на одредена предвидливост за одвивање на понатамошните фази согласно Копенхашките критериуми, апелирајќи да не се доволи понатамошна билатерализација на процесот, која само ќе го зголеми евроскептицизмот во земјата.

Земјата веќе има направено многу отстапки во изминатите децении и истите се рефлектираат на процесот на поддршка за ЕУ кај граѓаните.

Директорката Михалцова Сутијакова информираше дека одржувањето на состанокот на лидерите од Западен Балкан и ЕУ во Скопје е уште една потврда за моментумот за проширување и подготвеноста  на Унијата да прими нови земји членки во наредните години. Укажа на искористување на отворените перспективи и за што поскоро отворање на преговарачките поглавја.

Посочи на утврдената преговарачка рамка прифатена од сите земји членки по која е предвидено исклучивото движење на преговорите.

Соговорниците разговараа и за законските решенија за правична и соодветна застапеност на сите заедници во државните институции, за претстојните локални избори и за активностите на Собранието во престојните месеци.

30.06.2025 - 17:19

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега