Манасиевски: Партискиот интерес над државниот, Фрчкоски од Еразмус+ преку Заев и Димова добил 200 илјади евра

 

Партискиот интерес над државниот, Фрчкоски од Еразмус + преку Заев и Димова добил 200 илјади евра, обвини Влаентин Манасиевски на прес-конференција.

Според него, СДСМ ја користела Агенцијата Еразмус+ за делење грантови на блиски луѓе.

-Протежето на СДС, Љубомир Фрчкоски добил грант од Еразмус + вреден 200 илјади евра под програмата “стратешко партнерство”, како награда за неговите навреди и омаловажувања врз македонскиот народ. Кога велиме дека СДС ја користел Агенцијата Еразмус +, за делење на грантови на свои луѓе, тоа се потврдува и со случајот со Фрчкоски. Како ректор на еден од факултетите во државата, по само 2 месеци од неговото назначување, благодарејќи на Фрчкоски, факултетот го добива првиот грант во нивната историја, рече Манасиевски.

Вели, ова било школски пример за тоа како СДСМ ја раководи државата.

-Скандалозно во грантот е тоа што проектот траел од 01.12.2020 година до 30.11.2023 година, а Фрчкоски е назначен за амбасадор од 20.04.2022 година што значи дека половина од овој проект тој го раководел како амбасадор на Македонија во ОН во Њујорк. Како Фрчкоски го работел овој проект како амбасадор? Кој го евалуирал проектот? Дали во Агенцијата некој вршел контрола за тоа како се води токму овој проект? Зошто проектот не бил прекинат кога Фрчкоски бил испратен за амбасадор во ОН? Ова е школски пример за тоа како СДС раководеше со државата. Не само што делеа пари на професори и свои партиски кадри, туку по падот од власта, тие поднесоа кривични пријави против училиштата, за да го свртат вниманието и да ги прикријат овие грантови! Вистината излегува на виделина. Криминалот и корупцијата на СДС  нема да останат скриени, рече Манасиевски.

17.08.2025 - 13:12

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега