Герасимовски ги кани граѓаните на добра храна и музика
Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека во петок, 30 мај во Паркот на Франкофонијата со почеток од 18.00 часот ќе се одржи културно-гастрономскиот настан „Нож и виљушка на европска чинија“. Тој потенцира дека и годинава ќе се промовира културната разноликост преку претставување на традиционални македонски и европски гастрономски производи.
„Ги поканувам сите граѓани да ни се придружат на настанот ‘Нож и виљушка на европска чинија' и заеднички да уживаме во вкусовите на македонската и европската традиција. Преку храната ги славиме традициите, се запознаваме меѓу себе и градиме почит меѓу различни култури. Центар е и ќе остане општина на вредности и различности. Ветуваме одлична забава, вкусна храна и добра музика“, вели Герасимовски.
Посетителите ќе имаат можност да уживаат во дегустација на традиционални македонски и европски јадења, да се релаксираат и да се забавуваат со диџеј Зоки Бејбе и Наде Талеска бенд.
Настанот е во организација на Општина Центар и е отворен за сите граѓани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа