Данела до Ганиу: Кога виде дека доаѓам џом да го нема - Абе Вики, да беше маж ќе причекаше
Граѓани од општина Чаир заедно со градоначалникот Висар Ганиу собраа ѓубре од старата Чаршија и го фрлија пред Град Скопје.
Градоначалничката Данела Арсовска по оваа постапка, доцна синоќа се вклучи во живо на социјалните мрежи.
- Господинот Висар Ганиу си собираше ѓубре од дивоградби и некои фотељи, па кога му кажав дека идејата не му е добра, се исплашил и дошол пред Град Скопје 3 минути. Кога му реков дека доаѓам, џом да го нема. Абе Вики кај си бе дечко ти, кај избега? Да беше маж ќе причекаше, рече таа.
29.05.2025 - 08:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа