Ѓорѓиевски: 22 големи капитални проекти добива Кисела Вода

 

Одобрени се средства од Владата за реализација на 22 капитални проекти за Кисела Вода. Овој потег претставува сериозна институционална поддршка за забрзан развој на општините, рамномерен напредок на сите региони и директна инвестиција во квалитетот на живот на граѓаните, истакна градоначалникот на oпштина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

Тој во својата објава истакна дека искрено се заблагодарувам на Владата на Република Македонија, на премиерот Христијан Мицкоски, како и на Министерството за локална самоуправа како координатор на овој процес, за оваа значајна и конкретна поддршка која ја добиваме како локална самоуправа.

17.07.2025 - 17:12

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега