Ѓорѓиевски: Бети - победата на изборите во Кисела Вода е твоја

 

Пратеничката Бети Стаменковска Трајковска e кандидат за градоначалник на Кисела Вода на ВМРО-ДПМНЕ соопштија вечерва од партијата. Лично и честиташе и актуелниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

„Кисела Вода од ноември ќе чекори во ново поглавје, со нов градоначалник!

Горд сум што токму ти, жената која беше моја верна сенка и мој најсилен сојузник во сите предизвици, ја преземаш оваа одговорност. Секогаш покрај мене, борбена до последниот атом за секој проект, за секоја идеја, за секој човек во Кисела Вода.

Од ноември, таа твоја борба добива нова димензија. Но сега како мајка на нашата општина, водилка што ќе го чува, унапредува и гради секој нејзин дел.

Сигурен сум дека твојот потенцијал, твојата искрена љубов кон луѓето и огромната енергија ќе бидат движечката сила што ќе ја продолжи мојата мисија - целосна обнова на Кисела Вода.

Оваа победа е твоја, но уште повеќе на сите жители на Кисела Вода!

Бетке, мојата поддршка секогаш ја имаш и ќе ја имаш!

 

Заедно ќе изградиме Кисела Вода и Скопје што ќе бидат симбол на развој и дом со кој сите ќе се гордееме!“, напиша Ѓорѓиевски на ФБ.

10.09.2025 - 22:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега