Голем пожар во Куманово: Горат каросерии од автомобили
Повторно голем пожар има на улицата „Индустриска“ во Куманово на отпад за стари автомобили, информираа денеска надлежните од територијалната противпожарна единица Куманово. Пожарот избувнал попладнево, првин интервенирале три противпожарни возила.
- Во моментов, пожарот е ставен под контрола. На терен сме две екипи, со две противпожарни возила. Пожарот е локализиран и наскоро целосно ќе биде изгаснат. Горат каросерии од стари автомобили и во околината сува трева, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.
Пожарот е видлив насекаде од повисоко од градот. На истата локација имаше пожар на 23-ти јуни годинава, тогаш го гасеа пет противпожарни возила, а кумановци се жалеа на неподнослив мирис.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа