Кочани доби нов Центар за млади, наречен „Гнездо“
Во Кочани вечерва е отворен Центар за млади, односно Центар за психо-социјализација, кој, идејните творци, Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“, којашто произлезе по после трагедијата од 16 – ти март годинава, го нарекоа „Гнездо“.
Објектот располага со неколку простории од над стотина квадратни метри површина и комплетно е опремен и уреден со финансиска подршка на општествено одговорна компанија. Од страна на волонтерите на „Супорт Кочани“, Центарот за психо-социјализација (Центар за млади) е именуван „Гнездо“, затоа што, како што рекоа, тоа име симболизира место каде што се чувствуваш сигурно, безбедно, каде се поврзуваш со другите и на крај, подготвен си да леташ сам.
Во овој Центар ќе има едукативни, креативни и психолошки работилници, ќе може да се слика и црта, да се пишува, да се прават рачни изработки. Планирани се мотивациски говорници, активности за подобрување на психолошкото здравје и многу други нешта што ќе ги привлечат младите да создават нови вредности, информираше Ана Вучева од „Супорт Кочани“.
Од Супорт Кочани рекоа дека се надеваме оти создале топло и тивко место за дружење, кое ќе овозможува надеж за подобра иднина на младите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа