Горивата поскапеа - ова се новите цени

 


Регулаторната комисија за енергетика вчера ги поскапе горивата 0за 1,5 денари по литар.

Според најновата корекција, цените на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство се следните:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95: 75,50 ден/лит
  • ЕУРОСУПЕР БС-98: 77,50 ден/лит
  • ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V): 71,50 ден/лит
  • Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1): 71,00 ден/лит

Зголемувањето на цените доаѓа како резултат на движењата на берзанските цени на нафтените деривати, како и промените на курсот на денарот во однос на доларот.

Ова е второ по ред поскапување во јули, со што дополнително се зголемуваат трошоците за транспорт и живот, особено во летната сезона кога потрошувачката на гориво е значително зголемена.

15.07.2025 - 09:47

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега