Гутереш: Американските напади врз три ирански нуклеарни објекти се опасна ескалација

 

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш во врска со американските воздушни напади врз три ирански нуклеарни објекти денеска изјави дека постои „опасна ескалација“, оценувајќи дека сега постои „зголемен ризик овој конфликт брзо да излезе од контрола, со катастрофални последици за цивилите, регионот и светот“.

Во својата објава на платформата Икс, Гутереш посочи дека во овој момент е потребно да се избегне спирала на насилство.

„Нема воено решение. Единствениот пат напред е дипломатијата. Единствената надеж е мирот“, порача Гутереш.

22.06.2025 - 11:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега