Хутите: Израел напаѓа цели во Сана
Телевизијата на јеменските бунтовници Хути – „Ал Масира“ објави дека Израел нападнал цели во главниот град на Јемен, Сана.
Воениот портпарол на Хутите изјави дека противвоздушната одбрана во моментот го одбива израелскиот напад, без да соопшти повеќе детали.
На 7 септември беспилотно летало лансирано од Јемен се урна близина на израелскиот аеродром Рамон, северно од пристанишниот град Еилат на Црвено Море.
Јеменските бунтовници контролираат големи делови од земјата, вклучително и Сана, каде што Хутите ги воспоставија своите политички институции. Меѓународно признатите јеменски власти се протерани од Сана во Аден.
Од октомври 2023 година, кога почна во Појасот Газа Хутите лансираат ракети и дронови кон цели во Израел и нападнаа повеќе од 100 бродови во Црвено и Арапско Море, теснецот Баб-ел-Мандеб и Аденски Залив, во знак на поддршка со Палестинците. Како одговор на нападите, Израел постојано напаѓа цели во областите на Јемен контролирани од Хутите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа