„Или ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“: Убиецот и се заканил на Росица уште претходната година

 


Росица Коцева, една од жртвите во двојното убиство во Велес, сведочела пред обвинителството за сериозни закани и насилство од страна на нејзиниот поранешен партнер, Илија Стефановски.

Во својот исказ, Коцева открила дека во декември 2024 година, додека се враќале од патување во Бугарија, Стефановски ѝ се заканил со зборовите: „Или ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“. Потоа, насилно ја заклучил во неговиот дом во Скопје и ја тепал.

Според сведоштвото, Стефановски бил насилен и кон сопствената мајка, која се обидела да ѝ помогне на Коцева. Откако успеала да го убеди да ја ослободи, Коцева го пријавила случајот во полиција и побарала лекарска помош.

Ова сведоштво го отвора прашањето за институционалната заштита на жртвите на семејно и партнерско насилство.

16.09.2025 - 16:11

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега