Ирански совет за национална безбедност: Војната ќе продолжи се додека Израел не биде казнет
Врховниот совет за национална безбедност на Иран денеска објави дека „одмаздата ќе продолжи“ се додека Израел не биде казнет и не се исплатат воени репарации.
„Одмаздата ќе продолжи се додека непријателот не биде казнет и не се исплати компензација. Доколку ционистичкиот непријател стори друго зло, на него ќе се одговори на поинаков начин“, се вели во соопштение, пренесоа ирански медиуми.
Исто така, се наведува дека во случај на интервенција од трета страна, „ќе се дејствува според специфичен план“.
Израел очекува да дознае во следните 24 до 48 часа дали САД ќе се приклучат на нападите на Израел врз Иран, изјави денеска неименуван израелски функционер за „Тајмс оф Израел“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа