Украл 80 литри нафта и 36 литри моторно масло - полицијата му ги пронајде дома
Полициски службеници од ОВР Дебар лишиле од слобода жител на дебарското село Долно Косоврасти, во чиј дом се пронајдени гориво и други предмети, стекнати од кражби.
Лицето Б.Н. (64) жител на село Долно Косоврасти беше лишено од слобода вчера во 17.30 часот.
-При претрес во неговиот дом и други простории во кои живее и ги користи, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени четири пластични канти од по 20 литри со нафта, шест пластични канти од по шест литри со моторно масло и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, информираа од Секторот за внатрешни работи- Охрид.
Додаваат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа