Комбе со работници излета од мост на патот Штип-Радовиш - има жртви и повредени
Комбе кое превезувало работници утринава излетало од мостот на Балатилиска Река на експресниот пат Штип-Радовиш. Според првичните информации има починати и повредени лица.
Во моментов на терен се две возила на Итната медицинска помош, тим од пожарникарите на ТППЕ-Штип и полициски службеници од Полициската станица во Штип. Во текот на денот се очекуваат детали за оваа тешка сообраќајна.
12.09.2025 - 09:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа