Кошта: Иднината на Македонија е во ЕУ
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денешната средба со премиерот Христијан Мицкоски ја оцени како долга, но многу конструктивна. Кошта изрази цврсто убедување дека проширувањето е заедничка цел и најдобра геостратешка инвестиција во мир, стабилност и безбедност.
Тој ја поздрави работата на македонската Влада во однос на реформската агенда и постигнатиот напредок, нагласувајќи ја важноста од искористување на можноста за стратешки инвестиции како Коридорите 8 и 10. Кошта повтори дека иднината на Македонија е во Европската Унија, посочувајќи дека е постигнато многу и се разговарало за преостанатите чекори.
-Јас цврсто верувам дека проширувањето е заедничка цел која ја споделуваме и ова е најдобрата геостратешка инвестиција во мир, стабилност и безбедност што сите можеме да ја направиме. Ја поздравувам одличната работа која што беше завршена од страна на Македонија, од вашата Влада во поглед на реформската агенда и напредокот кој беше постигнат. Мораме да ја искористиме оваа можност да направиме стратешка инвестиција, да ја завршиме, како што се Коридорите 8 и 10. Во текот на нашата средба јас повторив дека иднината на Македонија е во Европската Унија. Постигнавме поприлично многу досега и дискутиравме за преостанатите чекори кои треба да бидат превземени за да се заврши овој процес, рече Кошта.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа