Русија го менува ставот за мировен договор со Украина

 


Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека ставот на Москва за евентуален мировен договор со Украина се променил за да ги одрази вестите од бојното поле, каде што руските сили остваруваат територијални придобивки во последните недели.

На прашањето на Ројтерс дали ставот на Русија останал ист како во јуни 2024 година, кога Владимир Путин побара Украина формално да се откаже од членството во НАТО и да ги повлече своите трупи од четири украински региони што Русија ги смета за свои, портпаролката Марија Захарова одговори:

„Да, има промени во ставот на Русија. Овие промени се засноваат на промени на терен“, рече Захарова. Сè уште се чека потврда дали имало директен контакт меѓу украинската и руската делегација во Турција.

Преговорите меѓу делегациите од Русија и Украина за прекин на огнот се закажани за денес во Истанбул, без конкретен датум за нивното започнување, а беа организирани по предлог на рускиот претседател Владимир Путин.


Иако во медиумите се шпекулираше дека Путин можеби лично ќе присуствува на преговорите, тој доцна синоќа објави дека руската делегација ќе вклучува помошници и заменик-министри, а ќе ја предводи неговиот помошник Владимир Медински.

15.05.2025 - 16:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега