„Културата не е стока за манипулација“: ДУИ со остри критики за Касами и аферата со книгите на Кадаре

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост и големо негодување поради најновиот скандал што го оптоварува актуелниот градоначалник на Општина Тетово, г-дин Билал Касами. Како што објави реномираниот албански издавач, г-дин Бујар Худри од издавачката куќа „Онуфри“ во Тетово, книгите од големиот автор на албанската литература, Исмаил Кадаре, се дистрибуирани и продавани без авторски права, што е неприфатлив и осудлив чин и морално и правно.
Иронично, истиот г-дин Касами, кој јавно го прогласи Исмаил Кадаре за „почесен граѓанин“ на Тетово, сега е вмешан во скандал каде што личностата на Кадаре е искористена за политичка и материјална добивка преку нелегална дистрибуција на неговите дела, велат од ДУИ.
„Штетата е тројна:
1. Непочитување на авторските права, што сериозно ги нарушува моралот и законот.
2. Измама врз граѓаните на Тетово, на кои им се нудат книги без правна вредност и со сомнително потекло.
3. Навреда на ликот на Исмаил Кадаре, национален симбол на албанската култура, искористена за недостоинствена политичка пропаганда.
ДУИ бара надлежните институции веднаш да интервенираат и да го истражуват овој случај, додека јавното мислење заслужува целосна транспарентност и конкретна одговорност од градоначалникот Касами и Општина Тетово.
Културата и личностите како Кадаре не можат да се користат како стока за политичка манипулација и нема да дозволиме името на Тетово да се оцрнува на овој начин.
Гласот на законот, културата и одговорноста мора да преовлада“, стои во соопштението на ДУИ.
27.05.2025 - 11:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа