Кузеска: ДПМНЕ се врати – слободата на медиумите замина

 


За прв пат после 8 години Македонија бележи пад од 6 места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година, објавен од „Репортери без граници“, изјави на денешната прес-конференција Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.


После осум години постојан напредок под водство на владите на СДСМ ваков драстичен пад се случува за прв пат, вели Кузеска.



„Од 118-то место во 2016 година, со СДСМ Македонија напредуваше до 36-то место, на најдобро место во регионот, благодарение на посветените политики за слобода на говорот, транспарентност и независност на медиумите.



Овој континуиран напредок на слободата на медиумите сега е сериозно загрозен.


ДПМНЕ се врати – слободата на медиумите замина.

Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, слободата на медиумите се гуши, новинарите се под притисок, а медиумскиот простор се стеснува. Денес тоа повторно се случува“, истакна Кузеска.

Кузеска нагласи дека „Репортери без граници“ алармираат дека новинарите се изложени на закани и напади, а владините функционери покажуваат понижувачки ставови кон медиумските работници.

„Наместо да ги унапредува демократските стандарди, Владата предводена од ДПМНЕ ги враќа добро познатите методи на контрола, притисоци и страв.

Ова е јасен аларм за загрижувачката насока во која оди државата под власта на ДПМНЕ.

Ја повикуваме јавноста, граѓанските организации и меѓународната заедница на будност, ова се загрижувачки тенденции.

Слободата на медиумите е темел на секое демократско општество и не смее да биде жртва на партиските апетити и авторитарните амбиции на ДПМНЕ.

СДСМ останува цврсто на страната на слободното новинарство и ќе продолжи да се бори против секоја форма на цензура, притисок и медиумска репресија“, посочи Кузеска.

02.05.2025 - 13:04

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега