Пронајдени двете сестрички од Скопје: Едната сама се вратила, другата полицијата ја нашла
Вчера во 16 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот се вратила А.С.(14), а во 16.30 часот на подрачјето на Чаир од страна на полициски службеници од СВР Скопје била пронајдена А.А.(11).
Двете малолетнички истиот ден беа пријавени од страна на нивните родители дека се оддалечиле од нивните домови.
02.05.2025 - 14:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа