Македонецот Никола Станишиќ е победник на „Ѕвездите на Гранд“

 


Синоќа се одржа големото финале на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, а ласкавата титула му припадна на Никола Станишиќ (25) од Македонија. Кандидатот од тимот на Цеца Ражнатовиќ триумфираше со најмногу гласови од публиката.

Победничката статуа ја додели Сузана Јовановиќ, вдовицата на Саша Поповиќ, долгогодишниот директор и основач на „Гранд продукција“. Оваа година беше воведена и посебна награда – плакета со името на Саша Поповиќ, во спомен на човекот кој ја создаде најголемата музичка империја на Балканот.

„Не е крај, исто како што Сале дури и не си замина. Мислам дека неговиот дух се чувствува овде вечерва. Ова е многу емотивно за мене и мојата мајка. Сакам да му го доделам ова посебно признание на некој што навистина го заслужува“, изјави Сузана Јовановиќ.

 

Покрај престижната титула и статуа, Никола Станишиќ е награден и со автомобил „Фиат“, како и целосен маркетинг што ќе му помогне во понатамошната кариера.

„Им благодарам на мојата Македонија и на мојот ментор“, кратко изјави возбудениот победник на осумнаесеттата сезона на „Ѕвездите на Гранд“.

Ни другите финалисти не останаа со празни раце – сите добија специјални награди со името на Саша Поповиќ, како траен потсетник за нивното учество во големото финале.

Настапот на Никола Станишиќ беше особено емотивен: тој носеше маица за Кочани, оддавајќи им чест на настраданите души, и ја испеа песната „Ако утре ме нема“ од ДНК, оставајќи силен впечаток во финалето.

06.07.2025 - 09:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега