Македонија ѝ одржа лекција на Унгарија на крајот на претквалификациите за СП

 

Македонската кошаркарска репрезентација со убедлива игра и сигурна победа стави точка на настапите во претквалификациите за Светското првенство. Во салата пред домашната публика, нашите кошаркари ја совладаа селекцијата на Унгарија со конечен резултат 82-75.

Најрасположен во македонскиот состав беше Вајли со 23 поени, додека Таовски уфрли 14, а Митревски придонесе со 12 поени. Особено охрабрува фактот што триумфот беше обезбеден и покрај слабиот шут од далечина – од 21 обид беа реализирани само четири тројки. Сепак, одбраната функционираше одлично, овозможувајќи многу лесни поени преку брзи контранапади.

Следниот предизвик за нашата селекција е веќе во ноември, кога започнува првата фаза од претквалификациите за Европското првенство 2029, каде младата екипа ќе има нова можност да го покаже својот потенцијал.

20.08.2025 - 22:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега