Мицкоски: Купуваме 100 нови возила за Брза Помош
Владата донесе одлука за отпочнување постапка за набавка на 100 нови возила за јавните здравствени установи низ целата држава.
„Сега наш главен приоритет е токму обновата на овој тип на возен парк во јавните медицински установи, имајќи предвид дека состојбата е, би рекол, катастрофална и алармантна. Луѓето таму се потпираат на возила кои се донација или се очекува да бидат донација,“ изјави претставник на Владата.
Тој додаде дека новите возила ќе бидат современо опремени и распределени низ целата држава. „Како Влада на последната седница донесовме одлука за отпочнување на постапка за набавка на сто нови вака супер модерно опремени возила,“ нагласи тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа