ВМРО-ДПМНЕ прашува каде „испари“ Венко Филипче: 20 дена не е појавен во Македонија

 

Има ли СДС лидер на партијата или на непочнати избори „кормиларот“ го напушти бродот кој тоне? Каде испари Венко Филипче, се крие ли од македонската јавност или сфатил дека се наоѓа пред дебакл и нема што да понуди? Филипче јавноста не го видела цели 20 дена, последен пат во земјава е виден на 2 август за прославата за Илинден во Крушево, а ни претходно нешто не се појавуваше, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Додуша, за волја на вистината, во меѓувреме се појавија фото и видеоснимки како ужива луксузно пловење низ Грција на скапа јахта со неговиот ментор, Зоран Заев за која ни Филипче ни неговата партија, ако е негова, не одговорија со чии пари е купена. Претходно кога го снема исто Филипче повторно беше со Заев, ама тогаш на друго луксузно патување во Дубаи, од каде што си набавија златни визи, за кои, исто така, не добивме конкретен одговор како се набавени, велатод ВМРО-ДПМНЕ.

„Изгледа луксузните забави и бизниси со Зоран Заев на Филипче му се поинтересни и приоритетни, наспроти водењето на партијата. Или, пак, можеби Филипче уште сега се спрема за дебаклот и големиот пораз кој го чека на локалните избори, па тренира бегање од јавноста?“ – се наведува во соопштението.

22.08.2025 - 16:54

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега