Мицкоски најави нова инвестиција: Швајцарска фармацевтска компанија влегува во Македонија
Приоритет на оваа Влада е привлекување на нови странски инвестиции. Инвестиции и нови работни места, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
-Можам да кажам дека имаме веќе потврда од швајцарска фармацевтска компанија која ќе инвестира во Македонија неколку десетици милиони евра, за повеќе од 500 вработени. Добро платени вработени. Тоа е само низа во оние убави вести за македонските граѓани кои ги соопштуваме изминатиов период, рече Мицкоски.
11.05.2025 - 13:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа