Мицкоски: Посветеноста на евроинтеграциите ќе се засили
Премиерот Христијан Мицкоски денеска, на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, истакна дека посетата на Кошта на Скопје е потврда за дипломатската соработка и интерес за интеграција на Западен Балкан во ЕУ.
Мицкоски нагласи дека во новата етапа, кога граѓаните ја довериле одговорноста на новата Влада, негова обврска е да зборува отворено и искрено, поради должноста кон народот и европската идеја.
Тој додаде дека посветеноста на евроинтеграциите ќе се засили, бидејќи иднината на македонските граѓани е во европското семејство.
15.05.2025 - 12:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа