Мицкоски: При крај е тендерската постапка за реконструкција на 15 училишни спортски сали
Денес при посетата на студенсткиот дом „Кузман Јосифовски- Питу“ во Скопје, премиерот Мицкоски одговори на новинарско прашање во врска со училишните спортски сали низ државата:
„Во моментот, ако не се лажам, при крај е тендерската постапка за 15тина училишни спортски сали, за реконструкција на истите, во 14 општини, во сите региони. Така што ценам со завршување на оваа постапка дополнително ќе се додаде вредност и квалитет во рамките на образовниот процес кај нас во Македонија.“
29.07.2025 - 11:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа