Огромен пожар во пиринска Македонија – „Сега само Бог може да ни помогне“
Ужасен пожар го зафати селото Плоски во Пиринска Македонија, а огнената стихија веќе продрела во самото село. Жителите со солзи во очи гледаат како пламените јазици уништуваат сè пред себе.
„Сега само Бог може да ни помогне“, велат очајни мештани, додека пожарникарите водат тешка борба со огнот. Според локални извори, ситуацијата е крајно критична, а се очекува евакуација.
Во тек е мобилизација на сите достапни сили за да се спаси што може да се спаси.
29.07.2025 - 23:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа