Милошоски со втор негативен тест на Ковид 19

 

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски објави на социјалните мрежи дека и вториот тест за Ковид-19 му е негативен.

-Почитувани пријатели, и вториот лабораториски наод од земен брис испадна со негативни резултати.
Се надевам дека овие неколку денови ќе следи успешно закрепнување и дека наскоро ќе се видиме во добро здравје и расположение. И ова ќе помине, а потоа на ред е обновата! Секое добро, напиша на неговиот фб профил Милошоски.

Милошоски во вторникот беше примен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје поради зголемена температура, откако претходно објави дека неговата мајка е позитивна на Ковод-19

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.07.2020 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега