Муцунски и Мисајловски во Лондон: Фокус на зајакнување на економската соработка со Обединетото Кралство
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски од денеска претстојува во работна посета на Лондон, каде заедно со министерот за одбрана, Владо Мисајловски, остварија средба со парламентарниот државен потсекретар и министер за услуги, мали бизниси и извоз во Министерството за бизнис и трговија на Обединетото Кралство, Гарет Томас.
Како што информираше Муцунски, фокусот на средбата бил ставен на потенцијалите на економската соработка, како и на соработката во областа на инвестициите, зголемувањето на трговската размена, потенцијалот за соработка во делот на инфраструктурните проекти, како и на подобрување и модернизација на здравствените капацитети.
Во таа насока, двете страни ја потврдиле важноста на заедничкиот раст и просперитет за развојот на обостраните односи и ја реафирмирале заложбата за соработка во насока на постигнување на тие цели.
„На средбата ја нагласив и посветеноста на Владата, преку реални политики, да работи на привлекување на нови странски инвестиции. Воедно, се согласивме дека во идниот период заеднички ќе работиме на унапредување на севкупните трговски односи, што претставува составен дел од Декларацијата за стратешко партнерство помеѓу двете земји, истакна Муцунски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа