Наврнале 27 литри дожд - На овие места низ Македонија е „потоп"
Најмногу врнежи изминатите 24 часа се измерени на Попова Шапка, 27 литри на метар квадратен, а најмалку во Демир Капија, шест литри на единица површина.
До 8:00 часот наврнале и 26 литри на метар квадратен во Крушево и Пожаране, 22 во Маврови Анови, 20 во Тетово, 18 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид и Пожар-Радовиш, 13 во Лазарополе, Претор и Гевгелија, 12 Берово, Велес и Куманово, 11 во Крива Паланка и Прилеп, 10 во Битола, Виница и Струмица, 9 во Охрид и Штип, 7 во Кавадарци, како и 6 литри на единица површина во Демир Капија.
Времето денеска ќе биде облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни и до крајот на денот ќе наврне над 30 l/m2. Кон крајот на денот на повисоките планини на северозапад ќе има услови врнежите од дожд да преминат во повремен слаб снег. Претпладне ќе дува слаб до умерен југоисточен, а попладне и во текот на ноќта наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 15 степени.
Во Скопје, oблачно и свежо со врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а попладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 14 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа