Николоски: Интензивно се работи на три автопатски делници

 

Интензивно се работи на три автопатски делници, објави на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт, Алескандар Николоски.

Тој објави видео од околу пет минути на кое се гледа како интензивно се работи на делниците Прилеп – Битола, Тетово – Гостивар (дел од автопат Скопје – Струга – Охрид) и Гостивар – Букојчани (дел од автопат Скопје – Струга – Охрид).

„Напорната работа дава резултати! Одличната координација помеѓу Премиерот Христијан Мицкоски, Министерството за транспорт, ЈПДП и изведувачот Бехтел и Енка ги дава првите резултати“, вели Николоски.

01.06.2025 - 20:17

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега