Нема да верувате: Куче со пушка рани ловџија во Пробиштип
Ловџиско куче рани ловџика во Пробиштип. Се работи за Д.А. (1945) кој се здобил со тешки телесни повреди откако на местото викано Чашица, повредениот бил на лов со уште две лица од Пробиштип и легнале малку да одморат. Во тој момент, едно од ловџиските кучиња ја турнало пушката, по што истата испукала куршум во Д.А.
По укажаната лекарска помош, лицето е пренесено во клиничката болница во Штип каде е задржано на понатамошно лекување.
20.10.2014 - 14:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа