Скандал: Ракометарите на АЕК не излегоа на паркетот во Скопје, ќе го добие ли РК Алкалоид службено финалето
Ракометарите на АЕК одбија да излезат од соблекувалните на паркетот во Скопје, по што навивачите го напуштија Спортскиот Центар „Борис Трајковски“.
Причината е закана од грчките навивачи кои ја упатиле до менаџментот на клубот откако македонското МВР проценило дека поради безбедносни за нив може да се издадат само 200 карти, наместо 650 колку што им следувало според правилото за 10% од капацитетот.
Зоран Цветановски, претставник на РК Алкалоид во изјава за Јавниот сервис рече дека вели дека уште во текот на денот имало сигнали од клубот дека може да се случи вакво нешто.
-Тие разговори, не можам да кажам дека беа преговори, траеја од 10 часот до техничкиот состанок кога е нормално да се договори сѐ, како ќе тече протоколот на еден ракометен натпревар на едно европско натрпеварување. Без оглед на тоа, до последен момент се надевавме дека нема да има никаков проблем, кој настана од влезниците. Значи, тука е главниот проблем, вели Цветановски.
Рече дека МВР и РК Алкалоид по оперативни анализи донеле одлука дека за грчките навивачи не можат да бидат издадени 650 карти на финалето од ЕХФ Европскиот куп.
-Нашиот клуб и МВР донесоа одлука по некои оперативни анализи дека после сѐ што се случуваше во последниот период во државата, дека тоа не е возможно и бројот на влезници за гостинските навивачи беше ограничен на 200. Тука настана најголемиот проблем. Тука беа и преговорите, тука се кршеа копјата. Дел од навивачите на АЕК допатуваа во Скопје, дел не, и тука настана главниот проблем. Затоа што тие што допатуваа не можеа да бидат во тој број што беше посакуван и му дадоа ултиматум на менаџментот на АЕК дека ако се појават на терен без навивачи ќе сносат внатрешни, интерни последици по враќањето во Атина. Тука дефинитивно лежи причината, рече Цветановски.
Вели, неговиот впечаток е дека ракометарите на АЕК сакале да го одгираат натрепварот.
-Само заради тоа управата на АЕК не им дозволи да се појават. Инаку, јас ја видов желбата кај ракометарите на АЕК. Тие беа крајно разочарани што не можат да играат пред оваа атмосферата. Дел видов и солзи во очите, меѓутоа, не смееја против одлуката на АЕК, вели Цветановски.
Клубот АЕК бил однапред информиран дека бројот на влезници ќе биде ограничен, а тој ги информирал и навивачите, но тие сепак дојдоа во поголем број.
Можни сценарија
Натпреварот би можел да заврши службено и РК Алкалоид да го добие натпреварот со резултат 10:0, што ќе значи дека клубот од Скопје ќе го крене пехарот на ЕФХ Европскиот куп со оглед на тоа што Алкалоид веќе победи во Атина со 29:25.
Сепак треба да се има предвид дека ова не е првпат АЕК да приредува циркуз. Првиот пат во Белград, против Партизан им помина. Не излегоа на теренот, тврдеа дека нема услови за игра, за на крај мечот да се одигра во Бугарија, на неутрален терен и без публика.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа