Деветгодишно девојче се бори за живот на скопските Клиники
Деветгодишно девојче е тешко повредено во сообраќајна несреќакоја утрово околу 10 часот се случила на регионалниот пат Гостивар-Градец, информираат од СВР Тетово.
Автомобил Форд Фокус се тетовски регистерски таблички, управуван од 19 годишно момче Н.С. од Градец налетал на девојчето кое ја преминувало улицата.
Девојчет добило тешки телесни повреди и се бори за живот на скопските Клиники, каде е префрлено поради сериозноста за повредите од гостиварската болница
20.10.2014 - 20:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа