Даниел и Леонардо летале со автомобилот - детали за страотната несреќа

 

Преголемата брзина со која се движел спортскиот автомобил „бмв“, а во кој како сопатници се возеле Даниел Васоски (21) од тетовското село Лешок и Леонардо Богоевски (16) од Јагуновце, најверојатно била причината зошто загинале овие двајца млади во тешката сообраќајка што се случи завчера на регионалниот пат Тетово - Јажинце.  Како што пишува Дневник, автомобилот завршил во бетонски столб, а како тоа да не било доволно, па во него удриле уште две возила.

Васоски и Богоевски се враќале од тетовското село Беловиште, каде биле со својот пријател, инаку возач на автомобилот „бмв“. Сведоци што го виделе автомобилот „бмв“ што го управувал нивниот пријател Н.П. (24) од Лешок, а во кој Даниел и Леонардо биле сопатници, велат дека возилото буквално летало по патот. Сепак, истрагата и вештачењата што треба да бидат извршени ќе ги утврдат точните причини за трагедијата. 

Според изјавата на роднина на еден од загинатите, најверојатна причина за сообраќајната несреќа е неприспособена брзина, со која се движело возилото „бмв“. Трите момчиња со спортскиот автомобил се враќале од селото Беловиште, но засега нема информации каде се упатиле. Движејќи се со многу голема брзина, околу 14.30 часот, возачот во еден момент изгубил контрола над возилото и удрил во бетонски столб покрај патот. Од ударот возилото било отфрлено на другата страна од коловозната лента, каде што на него налетал автомобилот „крајслер“, за на крајот и автомобилот „опел вектра“ да удри во нив. 

Телата на двајцата погинати вчера беа погребани на гробиштата во Лешок и во Јегуновце.

Фотографии погледнете тука.

21.10.2014 - 09:34


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега