Битола: Преживеал хорор за 1000 денари
Младо момче од Битола преживеало хорор за 1000 денари. Според податоците од полицијата, 23-годишниот С.А. и 21-годишниот С.Р. од Битола од минатата година малтретирале млад битолчанец. Насилниците на улицата „Пирин“ во куќа, со закана со нож и употреба на физичка сила извршиле две разбојништва над оштетениот при што одзеле 1.000 денари и разновиден алат. Исто така, Ц.А. заедно со Ц.Р. во октомври 2013 година со употреба на физичка сила извршиле разбојништво над истото лице, при што му одзеле 4.600 денари и разновидни предмети.
Од страна на судија на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа