Четворица скопјани завршија зад решетки

 

 

Неколку скопјани завршија зад решетки. Полицијата го лиши од слобода  36-годишниот Ренат Х. од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење од шест месеци, за сторено кривично дело “кражба”, како и 31-годишниот Никола П. кој се барал за телесна повреда. 

Постапувајќи по судска наредба, СВР Скопје го лиши од слобода 30-годишниот Нусрет А. од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење од две години, за сторено кривично дело “тешка кражба”. 

Исто така, зад решетки заврши и 43-годишниот Али У. од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење од четириесет дена, за сторено кривично дело “загрозување на безбедноста на сообраќајот”. 

23.10.2014 - 12:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега