Измислил дека го сопреле полицајци од Илирида кај Ченто
Лицето К.С. лажно пријавил во полиција дека вчера на последна 45-ка во населбата Ченто во Скопје, две непознати машки лица со црн „џип“, со црни униформи на кои на грбот на албански им пишувало „Полиција“, а на ракавите „Илирида“, со црвени беретки, со пушки во рацете, му се обратиле со зборовите „Ние сме полицајци од Илирида“, по што му побарале лична карта, а потоа се упатиле кон с.Арачиново.
По обавен разговор со пријавителот констатирано е дека од негови лични причини настанот го измислил и го пријавил во 192. Констатиран е прекршок и на лицето му е издаден налог по чл.16 од ЗППЈРМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа