Свекорот и сопругот ја тепале со се што им дошло при рака - хорор за гостиварчанка

 

Гостиварчанка ги пријавила сопругот и свекорот за семејно насилство. Се работи за 41-годишната С.Р. која вчера во полициската станица Гостивар, изјавила дека била физички нападната од сопругот, 42-годишниот Г.Р. и нејзиниот свекор, 64-годишниот М.Р.

Откако започнале расправија во својот дом, сопругот се разбеснил и започнал да ја удира сопругата со тупаници, клоци и дрвени предмети кои му дошле при рака. Набрзо потоа се приклучил и свекорот, кој освен што ја удрил неколкупати, на снаата и упатувал закани и навреди.

Годинава за семејно насилство на гостиварското подрачје, поднесени се четири кривични пријави, четири барања за прекршочна постапка и 38 поплаки. Во најголемиот број пријавени случаи, насилство претрпеле сопруги.

12.11.2014 - 11:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега