СДСМ сака да го избрише Дамјан Груев, за да го запише Страхил Гигов кој се поврзува со ликвидацијата на Кочо Рацин
Седуммина пратеници на СДСМ меѓу кои Рената Десковска и Хари Локвенец преку поднесен амандман сакаат да го избришат името на Дамјан Груев и да го запишат Страхил Гигов. Пратениците од опозицијата сакаат смена на името на Универзитетот за национална одбрана, безбедност и мир, дознава Курир.мк
Имено, Страхил Гигов во македонската историографија се поврзува со ликвидацијата на македонскиот книжевен деец познат по својата поезија, Коста Солев Рацин. Според некои наводи зад смртта на Рацин стои нарачано убиство од страна на Гигов кој претходно политички го изолирал Рацин, за потоа да организира негова ликвидација.
Во поднесениот амандман, СДСМ предлага Универзитетот да го носи името на Страхил Гигов бидејќи како што се вели во образложението „името на овој македонски револуционер и народен херој има голема заслуга во развојот на македонската државност“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа