Гаши: Партнерството со ЕУ и НАТО е клучно за справување со предизвиците
Денес во Рим Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши оствари средба со Лоренцо Чеза, шеф на Италијанската делегација во Парламентарното собрание на НАТО.
На средбата претседателот Гаши искажа благодарност до пријателите на проширувањето на ЕУ меѓу кое предничи Италијанската Република и ја подвлече гласната и доследна поддршка од Италија за процесот на интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ. Претседателот Гаши нагласи дека тековните предизвици наметнуваат и подигнување на нивото на единственото и суштинско партнерство со Европската Унија со цел да се зајакне нејзината стратешка комплементарност со НАТО.
Сите земји-членки и нивните парламенти треба да посветат особено внимание на Структурниот дијалог НАТО - ЕУ кој опфаќа отпорност, заштита на критичната инфраструктура и подобрување на капацитетите на одбранбената индустрија. Чеза ги повтори честитки за организацијата на Состанокот на ПК на НАТО во Скопје, на кој учесниците покажаа дека членството во Алијансата е повеќе од безбедност, тоа е споделување и заштитување на вредности и застапување на споделени цели. Во овој контекст ја нагласи посветеноста на нашата држава на инвестиции во одбраната и модернизацијата на одбранбените сили, одржувајќи го прагот на 2% од БДП за таа намена. Чеза, повторувајќи ја постојаната и отворена поддршка за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија, нагласи дека проширувањето треба да се случи што поскоро, особено имајќи ги предвид геополитичките настани кои се случуваат на двенно ниво.
Соговорниците се согласија дека динамичните билатерални односи и взаемната поддршка на мултилатерално ниво, се одлична основа за продлабочување на парламентарната соработка и интензивирање на комуникацијата меѓу пратениците во сите сфери на парламентарната дипломатија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа