Сотир Костов: Кога Јанева виде дека нема докази почна да бара специјален суд
Политички а не правно Катица Јанева се обидува да ги аргументира случајите кои ги отвара. Нејзиниот Титаник е непоткрепен со докази и токму затоа судот се спротивставува на нејзините барања. Ова е оценка на аналитичаротСотир Костов кој гостуваше во емисијата Пулт на Радио Слободна Македонија.
Смета дека иницијативите на опозициската јавност за формирање Специјален суд се инспирирани од свесноста дека аргументите и доказите со кои располага Катица ЈАнева се поразителни за СДСМ.
„Специјалните судовци се забранети со Уставот. Тоа барање е веќе испорачано и се повеќе ќе се работи на уверување на домашната и меѓународната јавност дека тоа е потребно. Но тоа е нешто што не може да се дозволи. Договорот во пржино беше заклучен во јули минатата година. Зошто тогаш не се бараше Специјален суд? Затоа што дури сега тие се свесни дека немаат никакви докази и дека немаат поткрепени предмети“ – вели Сотир Костов.Велид ека уште од првиот настап на кој беше презентиран наводниот случај Титаник, Специјалното јавно обвинителство покажа дека се обидува со хајка да дискредитира воски функционери на владејачката партија.
„Вака ќе се вратиме 44та-45та година , кога јавно судевме наводни сторители на кривични дела против народот и прекрасни АСНОМци и Илинденци беа осудени. Кога се судеа се ставаа звучници на плоштадите за народот да слуша. Видете ние тој режим го отфрливме. Ова не е режим, ова е демократија, но ова не е политика, ова е правен систем и тука не може да се игра со политички аргументи. И сега истите борци протиув неоснован притвор бараат притвор. Да не заборавиме дека Заев не доби притвор за ниту едно од сериозните дела кои мус е ставаат на товар. Тој се стави над сите судови и закони.“- вели Костов
Експертската јавност остро го осуди неаргументираниот настап на Специјалното јавно обвинителство. Дополнително и натамус е бараат одговори- како Катица Јанева се стекнала со вредниот имот и зошто и покрај сопственоста на два стана во Скопје побарала државен стан.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа