ВМРО-ДПМНЕ: Не проаѓаат лагите на СДСМ ниту во Виница, ниту било каде во Македонија
Интегрален текст од соопштението на владејачката партија
Врв на лицемерие е кога СДСМ зборува за Виница и за економските услови во општината.
СДСМ набрка илјадници луѓе од општина Виница во странство, поради своето максимално штетно делување во оваа општина, како и во целата држава.
Во време на СДСМ во Виница беа затворени Интерес Трстија, Бел Камен, Момин Преслам, ЗИК Брегалница, Пелагонија, Трико, Илинден, Метинг и Винка која беше приватизирана и 600 луѓе беа оставени на улица.
Вкупно 2210 луѓе останаа без работа во времето на криминалната приватизација на СДСМ во Виница. Поради вирусот СДСМ во Виница, од оваа општина голем број на луѓе мораа да заминат во странство за да обезбедат егзистенција на своите семејства.
Во 2005-та во општина Виница имаше 4025 невработени лица, а денес во општината има 739 активни баратели на работа.
Во 2005 во Виница имаше 3700 вработени лица, а денес таа бројка е над 5200.
Не проаѓаат лагите на СДСМ ниту во Виница, ниту било каде во Македонија. Граѓаните добро паметат дека во време на СДСМ имаше 200.000 луѓе избркани на улица и нула странски инвестиции, а во време на ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од 150.000 нови работни места и повеќе од 50 директни странски инвестиции.
Граѓаните добро паметат дека во време на СДСМ ниту се вложуваше во инфраструктурата, ниту во земјоделието, ниту во здравството, а земјата само се задолжуваше со пари кои испаруваа во ветер.
Од друга страна, граѓаните гледаат дека денеска се градат автопати, дека милијарда евра во субвенции завршија во земјоделието и дека стотици милиони евра се вложуваат во опрема, изградба на нови објекти и реновирање на постојни во здравството.
Затоа граѓаните не му дозволуваат на СДСМ да се приближи до власта. Затоа 9 изборни циклуси по ред граѓаните својата доверба ја даваат на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ на 5-ти јуни ќе биде казнет за лагите и деструктивните сценарија 10-ти пат по ред.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа