Заев наводно подготвен за избори а преку институциите прави опструкции

 

СДСМ е панично исплашен од избори и немањето поддршка од граѓаните за деструктивната политика која ја промовира, коментираат експертите
Според нив, на Бихаќка се свесни дека веќе не постојат рационални причини за да се бара одложување на изборите, па во таква ситуација се прибегнува кон нова стратегија а тоа е одговорноста да им се префрли на институциите и преку нив да се направи обид за опструкција на процесот за подготовка на изборите кој и до сега во голема мера зависеше токму од кадрите на СДСМ.
За потсетување, најодговорни за спроведување и организација на изборите се МВР и Државната изборна комисија. И двете институции ги раководи кадар на СДСМ.

Од друга страна интересно е однесувањето на опозицијата. Заев и т.н. здружена опозиција, составена од ситни партии кои заедно не тежат ниту 1000 гласа на македонската политичка сцена денеска излегоа со став дека се подготвени за избори. Ваквата изјава на Заев е слика за однесувањето на опозицијата која од една страна демонстрира подготвеност за избори, а од друга страна, вложува максимални напори за нивна опструкција.

Состојбата во Државната изборна комисија и пречистувањето на избирачкиот список веќе не се адут за опозицијата. Ниту членовите на СДСМ во ДИК веќе немаат дилема дека во Македонија нема фантомски гласачи и дека обидот на СДСМ  на овој начин да ги проблематизира изборите едноставно нема основа.
Според последните информации, ДИК речи си комплетно ја заврши теренската проверка. Внесени се анкетните прашалници во 29 подрачни единици а во текот на ноќта се работи на внесување и во преостанатите 5. За утре комисијата веќе закажа и јавна седница на која пред медиумите ќе се разгледува извештајот. Својата работа ја заврши и Управата за водење на матичните книги проверувајќи 97.903 записи.
Но и покрај тоа СДСМ не се откажува од избирачкиот список и очајнички се обидува преку опструкции во Министерството за внатрешни работи, кое го раководи Спасовски да стави кочница на пречистувањето за подоцна да може да го користи изговорот дека избирачкиот список е проблем за да се појави пред граѓаните на избори.
МВР имаше задача да провери 77.793 записи. Според информациите до кои дојдовме неофицијално, работата е речи си готова, а единствено опструкции се прават во СВР Струмица и СВР Куманово каде послушниците блиски до Заев и Спасовски едноставно не сакаат да си ја завршат работата.
Слична беше и ситуацијата со Генералниот секретар на ДИК Добре , кадар на СДСМ, кој цел месец не сакаше да провери 5.000 записи иако за тоа зема плата од граѓаните .

 

 
 
05.04.2016 - 22:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега