Рејтингот тоне - Соросовите медиуми и невладини организации во очаен обид за одложување на изборите
СДСМ во договор со соросовите медиуми, а потпомогнати од нивните кадри во ДИК и МВР се обидуваат да креираат атмосфера која треба да им помогне да избегаат од избори. Причина за тоа се последните анкети кои ги добило раководството на СДСМ и според кои се гледа огромна разлика во корист на ВМРО-ДПМНЕ
Експертите прашуваат како опозиционерите ќе објаснат пред членовите и граѓаните дека овие 2 години политичка криза која СДСМ ја креираше во државата со деструкција, конфликтност, сењее омраза и уцени, не даде никаков резултат туку напротив сега граѓаните свесни за целата слика и сценарио од сето ова, даваат уште поголема поддршка на ВМРО-ДПМНЕ
Со ваквите наслови СДСМ и соросовите платеници сакаат да креираат атмосфера која треба да им даде алиби на СДСМ да оправдаат неучество на изборите, или оспорување на изборните резултати по големата победа која се очекува да ја има ВМРО-ДПМНЕ
Во насока на деструкција на изборниот процес денеска се активирани и невладините организиации под контрола на СДСМ. Пред Собранието со десетина активисти протестираше т.н. невладина организација ЦИВИЛ која важи за силно контролирана од СДСМ, а прес конференција одржа и граѓанската асоцијалција МОСТ која исто така изнесе забелешки околу изборите. И двете организации имаат идентичен став како оној на СДСМ а различен од оној на граѓаните, дека изборите треба да се одложат.
На социјалните мрежи веќе се гледа еуфорија меѓу граѓаните за распуштање на Собранието. Огромен број граѓани поскауваат брз крај на кризата и избори на 5 јуни на кои според нивните коментари треба еднаш за секогаш да у се стави крај на деструктивното однесување на СДСМ кое ја држи Македонија во криза повеќе години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа